242
Пекинг ги повикува земјите од Г7 да се фокусираат на мирот и да престанат да воведуваат незаконски санкции и да предизвикуваат обоени револуции во други земји, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.
Тој посочи дека Кина ги повикува земјите од Г7 вистински да се фокусираат на мирот и развојот низ целиот свет, да престанат да применуваат двојни или дури повеќекратни стандарди и да престанат да испраќаат воени авиони и бродови на „прагот“ на другите земји за да ја покажат својата сила, пренесува РИА Новости.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи наведува дека таа земја ја повикала Г7 да престане да организира обоени револуции во други земји и да воведува незаконски санкции.