291
Спасувачите во градот Чангша во централна Кина извлекле жива жена од урнатините на зградата која се урна речиси шест дена претходно, објавија денеска државните медиуми.
Неименуваната жена е 10-та преживеана во несреќата во која загинаа пет лица, додека десетици се водат како исчезнати.
Жената била свесна и ги советувала спасувачите како да ја извлечат за да не дојде до дополнителни повреди.