Кинеска варијанта на Суецкиот канал: Камион на Evergreen го запре сообраќајот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
547 прегледи

Три дена откако транспортниот брод Ever Given на компанијата Evergreen се насука во Суецкиот канал и блокираше една од најважните поморски патишта во светот, на кинеската социјална мрежа „Сина Веибо“ беше објавена фотографија на која се гледа како камион кој пренесува контејнер со логото Evergreen на сличен начин го блокираше сообраќајот на автопатот во кинескиот град Нанџинг.

Очигледно, фотографијата е преземена од снимките од надзорната камера на автопатот „Чангчун-Шенжен“, а сообраќајот е блокиран поради несреќата што се случи на 27 март во раните утрински часови.

Имено, податоците од фотографијата сугерираат дека до блокадата дошло не подоцна од 9.55 часот по локално време.

Локалните и меѓународните медиуми веднаш укажаа на сличноста помеѓу сообраќајната блокада во Кина и онаа во Суецкиот канал.

На фотографијата се гледа дека камионот бил пронајден под агол од 45 степени, а зад него биле наредени други возила.

China Times пишува дека бродската компанија Evergreen нема филијала што се занимава со патен транспорт на стоки во Кина.

Слични содржини