Кинеска вселенска сонда успешно слета на Месечината

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Кинеската истражувачка сонда Chang’e 5 успешно слета на површината на Месечината, каде што ќе собере примероци од почвата на Месечината за време на нејзината историска мисија.

Кинеската сонда без екипаж, именувана по митската кинеска божица на месечината, беше лансирана на 24 ноември и треба да донесе примероци од површината на Месечината на Земјата, што ќе им помогне на научниците да навлезат подлабоко во потеклото на природниот сателитот на Земјата, пренесува Ројтерс.

По слетувањето на површината на Месечината, лунарните возила самостојно, со роботска рака, ќе соберат примероци од земја и карпи и ќе ги достават до капсулата, која потоа ќе ги пренесе на Земјата.

За возврат, капсулата треба да слета на територијата на кинеската провинција Внатрешна Монголија. Доколку мисијата е успешно завршена, Кина ќе им се придружи на Соединетите држави и Советскиот сојуз, кои претходно успеаја да извршат слични мисии на Месечината.

Слични содржини