Кинеската војска од сега ќе спроведува редовни вежби на источната страна на средната линија на Тајванскиот теснец, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на кинеската државна телевизија.
Кинеските власти објавија дека војската на земјата го заврши четвртиот последователен ден од воените вежби во воздух и на море околу Тајван, кои се фокусираа на тестирање на воздушни и копнени ударни средства со долг дострел, и дека следните вежби ќе користат снајпери, борбени возила, оклопни возила, како и напаѓачки хеликоптери, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на анонимен извор.
Средната линија во теснецот помеѓу островот Тајван и континентална Кина е неофицијална линија што вообичаено не ја минуваат воените авиони и воените бродови од двете страни.