Кинеската вселенска ракета пропадна по лансирањето

од desk3
76 прегледи

Кинеската вселенска ракета Long March-5 не успеа при лансирањето во неделата, соопшти локалната државна новинска агенција Xinhua. Ракетата носела експериментален сателит, кој беше претставен како најголем и најтежок сателит на земјата до моментот.

Ракетата е позната по прекарот Chubby 5 (од англиското “дебелко”) поради големите димензии. Таа е 57 метри висока и со дијаметар од 5 метри. Може да носи товар со тежина до 25 тони, што е двојно повеќе во однос на претходната ракета, соопштува CNN.

Со ракета од овој модел се очекува дека Кина ќе испрати свое вселенско возило до Месечината подоцна оваа година. Неговата мисија ќе биде да земе примероци од Месечината и да ги врати на Земјата за анализа. Останува нејасно дали неуспехот на сегашната мисија на ракетата ќе влијае на овие планови.