Кинескиот луксузен електричен бренд HiPhi е подготвен да започне со продажба на своите автомобили во Европа.
HiPhi ќе ги продава своите три постоечки модели под ознаките X, Y и Z на две локации, односно во салоните во Минхен, Германија и Осло, Норвешка. Овие локации имаат смисла бидејќи Германија е најголемиот пазар за електрични автомобили во Европа, а 80 отсто од автомобилите продадени во Норвешка во 2022 година ќе бидат електрични.
HiPhi ги нарекува своите салони „хабови“ и вели дека потенцијалните клиенти ќе можат да ги тестираат моделите X, Y и Z, кои се богато опремени.
HiPhi X е „супер SUV“, наводно најпродаваниот луксузен електричен автомобил во Кина, кој има прилично необичен механизам за отворање на вратите. Вратите се отвораат без рачки и без потреба од допир благодарение на сензорот интегриран во столбот Б кој ги отклучува и отвора предните врати. Задните врати се отвораат на т.н. „самоубиствен“ начин, но има и шарки на покривот за патниците да не мора да се наведнуваат за да влезат во автомобилот.
Z е „shooting brake“ модел со пет врати со лице кое потсетува на R35 Nissan GT-R, исто така е богато опремен и вклучува подвижна роботска рака која го држи централниот инфозабавен екран.
И двата модели нудат автономија до 600 километри, а првите клиенти од Европа ќе ги добијат во 2024 година.
Y беше претставен на салонот во Шангај, а на Стариот континент ќе пристигне малку подоцна со автономија од повеќе од 800 километри.