Кинески милијардер со кран го крена Rolls-Royce Ghost до пентхаусот на 44 кат (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
550 прегледи

Милијардер од Фужен, Кина одлучил да има луксузен Rolls-Royce Ghost во својот пентхаус кој се наоѓа на 44 кат.

Подигнувањето на автомобилот не е лесна задача, па милијардерот платил инженерска фирма да изгради уникатен железен „кафез“ за Ghost, кој потоа бил подигнат со кран користејќи три исклучително издржливи кабли.

На социјалните мрежи беше објавена снимка од кревање на автомобилот на 44-ти кат без многу проблеми, а тим работници со челични јажиња го повлекуваат автомобилот преку балконот, а потоа го спуштаат надолу.

Иако на некои им е интересно да гледаат како такви автомобили се креваат на високи катови, тешко е да не размислуваат што ќе направи сопственикот ако некогаш сака да го вози своето возило на четири тркала. Како решение се наметнува нов кафез и спуштање на земја со кран.

Ова не е прв случај автомобил да се подигне на височина, бидејќи во мај австралискиот мултимилионер го подигна моделот McLaren Senna GTR во пентхаус на 57-ми кат вреден 39 милиони евра. Тој е свесен дека автомобилот веројатно ќе остане трајно во станот бидејќи неговото отстранување би било речиси невозможна мисија.

https://www.youtube.com/watch?v=HHp7nWj4i3Q