Тим кинески научници пронашле можни траги од вода на Марс, покажа нивната студија објавена во научното списание Nature.
Нивните наоди се засноваат на податоците собрани од првата кинеска мисија на Марс, Тианвен-1, за време на која роверот слета на површината на Црвената планета.
Роверот, наречен Жужонг, е опремен со радар кој може да скенира подземни материјали по неговиот пат – прв во светот. Тој патувал 1.171 метар во првите 113 марсовски денови.
Радарот може да скенира длабочина до 80 метри. Иако не нашол директен доказ за вода, тој открил слоеви на земја кои очигледно биле обликувани од водената активност кои датираат од пред околу 3,5 до 3,2 милијарди години.
Според студијата, водените активности би можеле да бидат древни поплави.
Научниците открија дека се уште е рано да се исклучи постоењето на мешавина од мраз и сол на Марс.