Состојки:
2 парчиња пилешко бело месо
соја сос
1 чешне лук
350 гр зелка
3 моркови
2 праза
1 кромид
250 гр печурки
1-2 пиперки
Подготовка:
За да се подготви пилешкото, потребно е некое време да се маринира. Тоа ќе го направите така што ќе го исечете пилешкото на големи коцки и ќе го ставите во сад. Покријте го со соја сос и сечкан лук.
Оставете го да отстои што подолго, по можност најмалку 40 минути.
За тоа време празот, кромидот и зелката исечкајте ги на коцки.
Потоа изрендајте го морковот на ленти, а пиперката исечкајте ја на стапчиња.
За понатамошна подготовка можете да користите длабок сад или тавче.
Ставете го пилешкото во тавата и пропржете го на малку масло. Додадете го зеленчукот еден по еден и измешајте. Додадете го соја сосот во кој се маринираше пилешкото.
Кога месото е готово, извадете сè.
Пилешкото може да го послужите со тестенини или ориз.