Кинески воен брод насочи ласер кон австралиски воен авион

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Брод на кинеската морнарица насочил ласер кон австралиски воен авион кој летал над северните приоди кон Австралија, потенцијално загрозувајќи човечки животи, соопшти денеска австралиското Министерство за одбрана.

Авионот на морнарицата P-8A Poseidon откри ласер кој бил емитуван од бродот на морнарицата на Народноослободителната војска на Кина, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Австралија, цитирано од Ројтерс.

„Ласерското осветлување на авион од кинески брод е сериозен безбедносен инцидент. Ваквите активности имаат потенцијал да загрозат човечки животи. Силно го осудуваме непрофесионалното и небезбедно воено однесување“, соопшти австралиското Министерство.

Слични содржини