Кинески воени авиони ќе летаат над Тајванскиот теснец пред посетата на Пелоси

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, се очекува да пристигне во Тајван во вторник, соопштија добро упатени извори, додека неколку кинески воени авиони летаа во близина на централната линија што го дели Тајванскиот теснец, јавува Ројтерс.

Кина постојано ја предупредуваше Пелоси да не оди во Тајван, за кој тврди дека е негов, а САД во понеделникот рекоа дека нема да бидат заплашени од кинеското „штракање со оружје“ поради посетата.

Освен кинеските авиони, кои летаа блиску до централната линија на чувствителниот воден пат во вторникот наутро, неколку кинески воени бродови останаа блиску до неофицијалната линија за одвојување од понеделникот, изјави извор за Ројтерс.

Според изворот, кинески воени бродови и авиони ја „допреле“ централната линија на теснецот во вторникот наутро, во она што беше опишано како необичен и „многу провокативен“ потег.

Според истите наводи, во вторникот наутро, кинеските авиони во неколку наврати вршеле тактички маневри со кратко „допирање“ на централната линија и кружење назад кон другата страна на теснецот, додека тајванските авиони биле на подготвеност во близина.

Авионите на двете страни обично не ја преминуваат централната линија.

Министерството за одбрана на Тајван го „засили“ нивото на борбена готовност од вторник наутро до четврток напладне, соопшти во вторникот официјалната Централна новинска агенција на островот CNA, цитирајќи неименувани извори.

Според извори блиски до Пелоси, повеќето нејзини закажани средби, вклучително и со претседателот Цаи Инг-вен, се закажани за среда, па можно е нејзината делегација да пристигне во Тајван веќе во среда.

Тајвански „Либерти тајмс“ објави дека делегацијата на Ненси Пелоси се очекува да пристигне во вторник вечер по локално време.

Слични содржини