Во цревата на државјанка на НР Кина, приведена на аеродромот Суванапхум, беше пронајден украдениот од меѓународната златарска изложба во Бангкок, шесткаратен дијамант во вредност од 277 000 долари, пишува “Бангкок пост”.
Жената била приведен пред да замине за татковината, бидејќи надворешноста одговарала на фотографиите со кои полицијата располагала. При направениот претрес кај неа не бил откриен дијамантот. Откако приведената била испитувана со рентген и полицајците откриле во цревата на 30-годишната Кинескиња дијаманти, таа ја признала кражбата.