Сите во земјата се покажаа изненадени од нејзините зборови
Кинескињата Лин Ингуинг, на 22-години, се разбуди од кома и го обвини нејзиниот пријател Лиу Фенг за нејзино брутално претепување . Шокантно во случајот е дека ова се случува откако тој е наречен од сите во земјата херој и многу достоен маж, бидејќи плати околу 35 000 евра за нејзиното лекување во болница, како и користеше голем дел од своето време да стои до настраданите, информира “мирор”.

Лин Ингуинг падна во 8-месечна кома по многу сериозна повреда на главата. На нејзиниот пријател Фенг постојано му беше припишувано во кинеските медиуми како за пример како тој ги користи своите средства за лекувањето на неговата девојка, како и тоа дека не престануваат да повторува дека секогаш ќе се грижи за неа, што и да се случува. Сега, сепак, по излегувањето на настраданата од кома, тој е наречен измамник по откритието на Лин дека всушност тој е причината таа да таа помине толку време во слична состојба. Лин раскажа дека во фаталниот ден работела во фирмата на Фенг за производство на леб. Тој ја обвинил дека го испекла лошо лебот и безмилосно ја удрил со тврд предмет , по што таа паднала во кома. Покрај тоараскажал нејзин пријател дека тој ја претепал и во уште неколку други случаи.

