Кинескиот амбасадор во Русија: НАТО сака да го уништи мирот во азиско-пацифичкиот регион

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Амбасадорот на Кина во Русија, Џанг Хануи денеска изјави дека НАТО, „откако ја измами Европа“, сака да го уништи мирот во азиско-пацифичкиот регион, додавајќи дека западната воена алијанса може да предизвика нова студена војна.

„НАТО се оддалечи од целите на Повелбата на Обединетите нации, кои предвидуваат развој на пријателски односи меѓу народите и зачувување на општиот мир. И покрај мирот и стабилноста во азиско-пацифичкиот регион, НАТО инсистира на спроведување воени вежби и организирање таканаречената операција за обезбедување слободна навигација во регионот, која ги подгрева тензиите и создава конфронтација меѓу таборите“, рече Џанг во интервју за руската новинска агенција ТАСС.

Тој додаде дека НАТО сака „да ги уништи мирот и спокојот во азиско-пацифичкиот регион“, и дека она што го прави Алијансата „на никој начин не промовира пријателство и мир“.

Слични содржини