212
Кинескиот амбасадор во САД изјави дека Кина нема да испраќа оружје и муниција за поддршка на руската војна во Украина и дека Пекинг „ќе направи се за да ја деескалира кризата“.
Коментарите на амбасадорот Чин Ганг доаѓаат откако американскиот претседател Џо Бајден во петокот го предупреди својот кинески колега Си Џинпинг дека ќе има „последици“ доколку Пекинг и обезбеди материјална поддршка на Москва, јавува Би-Би-Си.
Пекинг минатата недела ги отфрли обвинувањата дека е отворен за обезбедување оружје на Москва како „дезинформација“, но Кина не сака да ја критикува Русија за нејзината инвазија.
Во интервју за американскиот CBS, Ганг рече дека јавната осуда на Западот „не помага“ и дека е потребна „добра дипломатија“.