Кинескиот град од кој започнаа протестите против ковид-рестрикциите ги ублажи мерките

од Stefanija Kuzmanovska
149 прегледи

Градските власти во Урумчи, во западниот кинески регион Ксинџијанг, ублажија некои од нивните ковид-рестрикции по смртоносниот пожар, кој предизвика протести ширум Кина, во кој загинаа 10 луѓе.

Да потсетиме, 10 лица загинаа во пожарот што во четвртокот избувна во Урумчи. Од август во градот се на сила строги ковид-рестрикции, поради што на луѓето не им беше дозволено да ги напуштаат домовите со недели.

Демонстрантите тврдат дека на жителите не им било дозволено да излезат од запалената зграда за време на пожарот, што довело до непотребни смртни случаи.

Што се менува?

Локалните власти денеска на прес-конференција најавија дека од утре жителите на Урумчи, каде живеат околу четири милиони луѓе, може да патуваат со автобуси за да ги извршат неопходните работи во нивните области.

На одредени суштински бизниси во области со низок ризик им е дозволено да аплицираат за рестартирање на операции со капацитет од 50 отсто, рекоа официјалните лица, додавајќи дека „јавниот превоз и летовите ќе продолжат да работат на уреден начин“.

Слични содржини