Кинескиот копнеж за сила

од desk3
84 прегледи

Кина повторно го зголемува воениот буџет. Тоа одговара на новата самодоверба на земјата, но ги загрижува соседните држави. Пекинг би можел сепак да демонстрира сила и на друг начин, коментира Александар Фројнд.

0,,17918893_303,00

Кина дефинитивно не ја поседува воената моќ на една суперсила. Досега Пекинг се позиционираше во светот само како економска сила и се држеше демонстративно настрана од големите конфликти – најмалку воено. Досегашниот приоритет беше да го прогонува развојот на водечките економски земји. Ова сепак сигурно ќе се промени, бидејќи во последно време Кина почнува да се манифестира како сè повеќе самоуверенљ и се повеќе агресивен играч. Неслучајно сака повторно да го зголеми воениот буџет и тоа значително. Зголемувањето навистина е малку скромно од минатогодишното, но Кина веќе подолго време веќе инвестира енормни суми во модернизацијата на армијата, со што предизвикува вознемиреност не само во соседните земји. Кинеското раководство не без причина аргументираат дека САД трошат многу повеќе средства за вооружување. Само што САД се сметаат за последната останата суперсила. А можеби и не би требало да ги мериме работите со различен аршин?

Воено Кина се уште не може да мери мегдан со најсилните. Точно е дека армијата , која брои над 2 милиони војници, е најголемата во светот, точно е дека ги има најмоќните ВВС во Азија и дека поседува интерконтинентални ракети со нуклеарни боеви глави, кои можат да ги погодат и САД. Само што за Пекинг е важна не само одбрана на земјата, туку и офанзивата заштита на нејзините интереси. Токму затоа Кина планира да инвестира во напаѓачко оружје, за да може брзо да решава во своја полза евентуални регионални конфликти. Пекинг сака пример носачи на авиони – бидејќи засега има само еден, и тоа преправен модел од Украина.

Кина сака да е и воен лидер

Некои би можеле да кажат дека Кинезите со право се обидуваат да станат лидери и воено, откако во економијата веќе го докажаа своето место. На крајот на краиштата и други големи сили наметнува интереси со воени средства – на пример Американците, а сега и Русите во Украина.

Само што, по таа логика, во цела Азија денес оди процес на трка во вооружување, која би требало да ги алармира сите земји во светот. Станува збор не само за глобализирана светска трговија на азиските морски правци. Станува збор за растечката недоверба во Азија и инхибициите конфликтите да се решаваат со воена сила, а не по дипломатски пат. Ова може да доведе до катастрофа со последици за целиот свет.

Бидејќи освен Кина моќно се вооружуваат исто Индија и Јапонија, Филипини, Индонезија, Виетнам – всушност речиси сите. А прилики за конфликти во Азија и бездруго има доволно. Најмногу експлозивни се главно територијалните спорови за некои ненаселени острови, апетитите кон кои постојано се разгореа од националистичките сили во соодветните земји. Станува збор за веројатни наоѓалишта на суровини, во реалноста, сепак и за сфери на влијание. А Кина провоцира и на многу места веќе создава свршен чин: бетонирање на островот Атол и го претвора во авионски писти, крстосува со воени бродови и демонстрира присуство: “Видете не, тука сме и ќе останеме!”

Заштита на интереси или агресија?

Кина ја преиспита својата политика за безбедност. Неслучајно подготвува нов закон за борба против тероризмот, кој би дозволил воена интервенција и во странство, ако се загрозени граѓаните или националните интереси на земјата. Во соседна Јапонија исто така, планираат ваков закон. И таму конзервативно-националистичката влада го смета пацифистичкиот устав за застарен – со оглед на наводните закани, вклучувајќи и од страна на Кина. Кој би го оспорил некому правото на одбрана? И не звучи ли “закон за борба против тероризмот” всушност добро? Само штограницата кон агресијата е тенка, како што е познато. И како што неколкупати веќе докажувале други големи сили.

Зголемувањето на воениот буџет не мора да значи дека Кина всушност се подготвува за војна. Се уште има време грешките од минатото да бидат избегнати. Во повеќето азиски земји економскиот развој игра поважна улога од територијалните расправии. Тесните трговски врски спречуваат ескалација и ја зајакнуваат довербата и соработката. Бизнисот обединува. А просперитетна економија значи и благосостојба. Ако од тоа заработуваат повеќе луѓе националистичките поттикнувачи немаат шанса – било во Пекинг, во Токио или во Вашингтон. Сега е потребна најмногу расудување, бидејќи провокациите брзо можат да излезат од контрола. При тоа настанот на воздржаност не е е белег за слабост, бидејќи силата може да се демонстрира на различни начини. А Кина одамна е суперсила. И го постигнал тоа без моќно вооружување.