Кинескиот министер за одбрана: Пекинг ќе ја зајакне стратешката соработка со Русија

од Stefanija Kuzmanovska
130 прегледи

Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу денеска изјави дека неговата посета на Русија, како негово прво патување во странство по назначувањето на оваа позиција, има за цел да му ја покаже на целиот свет цврстата намера на Кина да ја зајакне стратешката соработка со Руската Федерација.

„По назначувањето на функцијата министер за одбрана, првото место за посета е Русија со цел да се покаже на надворешниот свет високиот степен на развој на односите меѓу Кина и Русија и да се покаже цврста решеност за зајакнување на стратешката соработка меѓу вооружените сили на Кина и Русија“, рече Ли Шангфу на средбата со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Москва, пренесува „Риа Новости“.

Русија и Кина имаат намера да ја продлабочат воено-техничката соработка и да ја подигнат на „ново ниво“, посочи кинескиот министер.

„Вооружените сили на Русија и Кина внимателно ќе ги спроведуваат договорите постигнати од шефовите на државите и ќе ја промовираат воената, воено-техничката соработка и воената трговија меѓу Русија и Кина“, рече Ли.

Слични содржини