Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји рече дека Тајван е „патник кој на крајот ќе се врати дома, а не шаховска фигура во игрите на другите сили“.
„Кина мора да биде обединета и неизбежно ќе биде обединета“, истакна Ванг на свеченото отворање на конференцијата за меѓународната ситуација и кинеската дипломатија во 2021 година, пренесе РИА Новости.
Кинескиот министер рече дека причината за тензиите во Тајванското Море е тоа што тајванските власти се обидуваат да се потпрат на Вашингтон во стремежот за независност, а САД и некои други земји имаат намера да го искористат Тајван за контрола на Кина.
Ванг оцени дека сите овие контрадикторни дејствија го менуваат статус квото и го поткопуваат мирот во Тајванското Море, како и дека го нарушуваат консензусот на меѓународната заедница и основните норми на меѓународните односи.