Кинескиот претседател го предупредил Бајден „да не си игра со оган“

од Milan1
267 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден ја изрази пред кинескиот колега Си Џинпинг неговата загриженост за состојбата со човековите права во Кина и го предупреди Пекинг да не прави „едностран обид” за промена на статусот на Тајван, соопшти Белата куќа.

Соопштението е објавено по видео-конференциската средба на лидерите на двете најголеми светски сили, која траеше повеќе од три часа.

Белата куќа соопшти дека Бајден ја изразил својата „загриженост за практиките (на Пекинг) во Синџијанг, Тибет и Хонгконг и човековите права воопшто”.

– САД остануваат верни на принципот „една Кина”, но „силно се спротивставуваат” на секој едностран (обид) да се промени статусот или да се поткопа мирот и стабилноста во Тајванскиот проток, истакнал Бајден.

Кинескиот претседател, од своја страна, го предупредил својот американски колега „да не си игра со оган”, работејќи за независноста на Тајван, наведува кинеското Министерство за надворешни работи.

– Тајванските власти постојано се обидуваа да добијат независност (со помош на САД), а некои во САД се обидуваат да го искористат Тајван за да ја контролираат Кина, констатирал Си Џинпинг.

Тој нагласи дека „тоа е многу опасна тенденција” и го предупреди Бајден „да не си игра со оган”.

 

 

Слични содржини