Кинеската национална вселенска агенција објави дека леталото Шенжу-12 со тројца астронаути успешно стигнало до вселенската станица Тијанхе.
Вселенското летало ќе се спои со Тијанхе, првиот модул на идната кинеска вселенска станица, и во комбинација со претходно пристигнатото товарно вселенско летало Тијанжу-2, ќе формира триделна комбинација на вселенски брод и модул во кој астронаутите ќе живеат и ќе работат во следните три месеци.
Самиот процес на спојување ќе трае неколку часа, по што астронаутите ќе влезат во модулот Тијанхе и со тоа ќе се запишат во историја.
Имено, нивниот престој на Тијанхе во орбитата на Земјата ќе биде две вселенски станици со екипаж – Меѓународната вселенска станица и нејзината кинеска верзија.
Да потсетиме, астронаутите Ни Хаишенг (56), Лиу Боминг (54) и Танг Хонгбо (45) ќе спроведат неколку истражувања за време на нивниот престој, ќе извршат неколку вселенски прошетки за време на кои ќе подготват модул за поврзување со идните модули што допрва ќе бидат лансирани .
Docking success! About 6 hours after launch, #Shenzhou12 has successfully docked with #Tiangong space station. Astronauts will enter the space station later. We’ll keep up updated. HD Full process: https://t.co/QPtRTjj90f pic.twitter.com/bXDbuXzIZO
— CNSA Watcher (@CNSAWatcher) June 17, 2021