Кинеските брендови држат околу 70 отсто од пазарниот удел на нови автомобили во Русија, објави аналитичарот на податоци на компанијата Avito avto, Артјом Соколов.
Во исто време, руските производители го достигнаа планираниот производствен капацитет и нивниот удел на пазарот на нови автомобили во Русија достигна 22 отсто во октомври 2024 година, пренесува ТАСС.
Соколов додаде дека уделот на локални брендови на рускиот пазар се зголемил за седум отсто во последните 12 месеци. Просечната цена на нов автомобил во Русија минатиот месец изнесуваше 3,4 милиони рубљи или околу 30.420 евра, а просечната цена на половен автомобил беше 1,45 милиони рубљи или приближно 12.970 евра.
Во октомври, според Автостат, во Русија се продадени вкупно 171.200 нови автомобили. Домашната Лада е најпродавана, јапонската Тојота ја зазеде деветтата позиција, додека останатите места во топ 10 се исклучиво кинески марки.