Кинеските дилери бараат од производителите на автомобили да престанат да складираат возила

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Кинеските дилери на автомобили побараа од производителите да ја прекинат својата сегашна политика на големи попусти и настојување за високи бројки на продажба, бидејќи таквата политика влијае на нивната профитабилност и ги принудува многумина да ги затворат своите салони.

Според „HAK“, предлогот дојде кратко време по официјалниот повик до автомобилската индустрија за време на викендот да се прекинат ценовните војни.

Условите со кои се соочуваат салоните на автомобили станаа уште потешки поради новата рунда остри попусти од вториот квартал од оваа година, се вели во соопштението на Кинеската комора на дилери на автомобили. Се нагласува дека производителите на автомобили мора да постават разумни годишни цели за производство и продажба и не смеат да префрлаат залихи на дилерите, принудувајќи ги да складираат автомобили.

Дивите услови на кинескиот пазар очигледно резултираат со првите сериозни жртви. Започна со салоните, а прашањето е кога ќе почнат да паѓаат поголемите производители на автомобили… Политиката на големи попусти нема да биде одржлива на долг рок.

Слични содржини