Кинез киднапиран пред 30 години ја пронашол својата мајка користејќи мапа на село

од Nikola Popovski

Кинез, кој бил киднапиран пред 30 години, ја пронашол својата биолошка мајка откако по сеќавање ја нацртал мапата на неговото родно село, јавува во саботата Би-Би-Си.

Ли Џингвеи имал само четири години кога со измама бил одведен од неговиот дом и продаден на криумчари на деца.

На 24 декември, тој поделил рачно нацртана мапа на апликацијата за споделување видео „Douyin“, а полицијата утврдила за кое село станува збор и ја пронашла жената чиј син исчезнал.

По ДНК тестот, тие повторно се сретнале во провинцијата Јунан во саботата.

„Триесет и три години чекање, безброј ноќи на копнеж и конечно нацртана карта по меморија. Ова е момент на целосно ослободување по 13 дена“, напишал Ли на својот профил на „Douyin“ пред средбата.

„Благодарам на сите што ми помогнаа повторно да го најдам семејството“.

Киднапирањата на деца не се невообичаени во Кина, општество кое многу го цени раѓањето син. Голем број деца се киднапирани додека се мали и се продаваат на други семејства. Во 2015 година, се проценува дека секоја година се киднапирани речиси 20.000 деца, наведува Би-Би-Си.

Слични содржини