Кинеските научници експериментираат со мутиран вид на ковид-19 кој има стопроцентна смртност кај глувците. GX_P2V ги напаѓа белите дробови, коските, очите, трахеите и мозокот на глувците. Во деновите пред смртта, глувците брзо изгубиле тежина и се движеле крајно бавно. Најстрашно од сè, нивните очи целосно побелеле. Експертите предупредуваат дека „такви работи лесно можат да тргнат наопаку“.
„Студијата го демонстрира ризикот од пренос на GX_P2V на луѓето и обезбедува уникатен модел за разбирање на патогените механизми на вирусите поврзани со SARS-CoV-2“, напишаа авторите.
Смртоносниот вирус е мутирана верзија на GX/2017, роднина на коронавирусот кој беше откриен во 2017 година, односно три години пред пандемијата.
Сите глувци заразени со вирусот умреле во рок од само осум дена, што истражувачите го опишале како изненадувачки брза стапка на смртност.
Иако е застрашувачка, студијата е прва од ваков вид што пријавила стопроцентна смртност кај глувци заразени со вирус поврзан со ковид-19, што е далеку над претходно објавените резултати од друга студија, напишаа истражувачите.
Што е уште поважно, резултатите од студијата не покажуваат јасно како тоа би влијаело врз човечките суштества.
Франсоа Балу, експерт за епидемиологија на Институтот за генетика на Универзитетот во Лондон, го критикуваше истражувањето како „ужасно“ и „научно целосно бесмислено“.
„Не гледам ништо интересно да се научи од присилното инфицирање на необичен вид на вирус на хуманизирани глувци. Од друга страна, можевме да видиме колку лесно таквите работи можат да тргнат наопаку“, напишал професорот на мрежата Х.
„Ова лудило мора да се прекине пред да биде предоцна“, напиша др. Генадиј Глински, пензиониран професор по медицина на Стенфорд.