Mercedes EQS повеќе не е најаеродинамичниот сериски автомобил.
Моделот со подобра аеродинамика не доаѓа од некој од директните конкуренти на Mercedes, па дури ни од „традиционалната западна“ автомобилска индустрија, туку е создаден од… Кинезите.
Ова беше потврдено на овогодинешната конференција на Комитетот за автомобилска аеродинамика што се одржа во Кина. Таму, новиот премиум бренд YangWang кој работи под капата на екстремно растечкиот BYD го најави моделот U6.
Токму оваа новина ќе се карактеризира со рекордно низок коефициент на отпор на воздухот. И додека беше 0,20 на гордоста на германската автомобилска индустрија, Mercedes EQS, на YangWang ќе биде 0,195 , според „Index“.
Автомобилот се уште не е претставен, но веќе се објавени патентните скици и рендерот врз основа на нив. Тој укажува на многу опуштена и максимално испружена силуета. Сличен приказ дава и видео од конференцијата каде што можеме да го видиме профилот на возилото.
U6 е долг до пет метри, а наводно ќе се нуди во форма на plug-in хибрид и чисто електричен модел.
Кинеските медиуми ја споменуваат и цената која започнува од околу 800.000 CNY, односно околу 108.000 американски долари, што е поевтино од Tesla Model S Plaid, кој во Кина чини 140.000 американски долари. Секако, U6 ќе биде поевтин од споменатиот Mercedes, како и од BMW i7.