Кинезите го отфрлаат Porsche

од Vladimir Zorba
42 прегледи

Германскиот производител на спортски автомобили Porsche денеска објави дека забележал пад на продажбата во Кина за 28 отсто во 2024 година.

Компанијата во сопственост на VW продаде 56.887 возила во Кина минатата година, што е значителен пад од 79.283 автомобили во 2023 година.

Кина е најголемиот пазар на автомобили во светот, па послабата продажба во оваа земја исто така влијаеше на вкупниот резултат. Глобалната продажба на Porsche падна за три отсто минатата година на 310.718 возила.

Купувачите во Кина се повеќе избегнуваат да трошат пари на луксузни стоки поради забавениот економски раст што е резултат на кризата на пазарот на станови во земјата, пишува Ројтерс.

Porsche во октомври објави дека ќе ја намали својата дилерска мрежа во Кина, потег што ја одржува побарувачката слаба.

Продажбата на брендот VW во Кина падна за 8,3 отсто минатата година на 2,2 милиони возила, додека продажбата на Mercedes-Benz во оваа азиска земја падна за 7 отсто.

Слични содржини