Кинеските научници објавија дека развиле нов тест за коронавирус, кој е точен како лабораториски тест ПЦР, но дава резултати во рок од четири минути.
Тестовите за полимеразна верижна реакција (ПЦР) се сметаат за најточни и најчувствителни на вирусот што предизвикува болест КОВИД-19, но потребни се неколку часа за да се добие резултатот.
Некои земји доживеаја сериозни заостанувања поради големата побарувачка за тестирање, поттикната од експлозивното ширење на многу преносливата варијанта „омикрон“.
Истражувачите од Универзитетот Фудан во Шангај велат дека имаат решение.
Во една рецензирана статија објавена во понеделникот во списанието Nature Biomedical Engineering, тимот истакна дека нивниот сензор, кој користи микроелектроника за анализирање на генетскиот материјал од брисевите, може да ја намали потребата за долготрајни лабораториски тестови за коронавирус.
„Вградивме електромеханички биосензор за откривање на САРС-КоВ-2 во интегриран и пренослив прототип на уред и покажавме дека открил (РНК вирус) за помалку од четири минути“, вели научниот тим.
Истражувачите рекоа дека нивниот метод нуди брзина, леснотија на ракување, висока чувствителност и мобилност.
Нивното испитување вклучувало земање примероци од 33 лица во Шангај кои биле заразени со коронавирус, а паралелно се правеле и ПЦР тестови.
„Резултатите од нивниот метод беа „совршено“ совпаѓање со PCR тестовите“, се вели во написот.
Нивната студија опфати тестирање на новиот метод на 54 примероци, во кои беа вклучени луѓе со треска кои немаа коронавирус, оние со грип и здрави доброволци.
Тие случаи не дадоа лажно позитивни резултати, рече тимот.
Истражувачите од Фудан посочи дека нивниот уред за тестирање може да се користи за брзо тестирање во различни ситуации, вклучувајќи аеродроми, здравствени установи, па дури и дома.
ПЦР тестовите, покрај тоа што се бавни, бараат и лабораториска инфраструктура чиј капацитет може да биде недоволен во многу земји, што го забавува или намалува бројот на примероци што може да се обработуваат секој ден.
И додека брзите дијагностички тестови сега се достапни во многу делови од светот, тие се помалку точни.
Кина е еден од најголемите светски производители на тестови за коронавирус.
Според податоците, Кина во декември извезла тест комплети во вредност од 1,6 милијарди долари, што е зголемување за 144 отсто во однос на ноември.