Кинезите спроведоа воени вежби во близина на Тајван

од Vladimir Zorba
393 прегледи

Кинеската војска во Пекинг соопшти дека извела вежби за слетување и напад на плажа na место, кое е близу Тајван, но рече дека вежбите немаат никаква врска со моменталните тензии во регионот.

Тајван, за кој Кина тврди дека е нејзина територија, го осуди зголемениот воен и политички притисок од Пекинг да ја прифати кинеската власт, пренесува Фена.

Официјалниот дневен весник на кинеската армија во краток извештај наведува дека вежбите биле изведени „во последните денови“ во јужниот дел на провинцијата Фуџијан.

Во операцијата учествувале разни воени единици, вклучувајќи снајперисти и експерти за бродови, пишува кинескиот воен весник.

Војниците биле поделени во неколку групи, за да ја окупираат плажата и да извршуваат борбени мисии во различни фази.

Слични содржини