Кипар ќе ги укине пасошите за оние кои добиле државјанство преку инвестирање

од Nikola Popovski
527 прегледи

Кипар најави дека ќе им ги одземе пасошите на 45 лица кои стекнале државјанство во таа земја како дел од дискредитирана инвестициска шема, која е во сила повеќе од една деценија.

Речиси 7.000 луѓе добија државјанство според шемата „пасош за пари“, застапувана од десничарската кипарска влада, која била укината во 2020 година, откако Ал Џезира откри потенцијална корупција во случајот.

Одлуката на кипарската влада да ги повлече пасошите издадени на 39 инвеститори и шест лица следи по препораката на комисијата формирана од владата во јуни.

„Кабинетот одлучи да испита уште шест дополнителни случаи и да разгледа уште 47 случаи врз основа на утврдените процедури“, рече владиниот портпарол Мариос Пелеканос.

Тој не наведе ниту едно лице на кое му било одземено пасошот.

Кипарскиот пасош гарантира безвизен режим за патување, работа и престој во 27-те земји-членки на Европската унија. Шемата е популарна меѓу Русите и инвеститори од Азија.

Според шемата, властите ќе им дадат пасош на апликантите кои го исполнуваат минималниот услов за инвестиција од најмалку два милиони евра.

Комисијата назначена од Владата, предводена од поранешниот претседател на Врховниот суд, рече дека шемата се спроведува повеќе од една деценија без соодветен надзор, контрола и рамнотежа.

Беше заклучено дека повеќе од 53 проценти од луѓето илегално добиле државјанство според шемата.

Слични содржини