Кира Најтли: Папараците ме доведоа до нервен слом

од desk4

Британската актерка Кира Најтли, по големиот успех со филмот „Пирати од Карибите“ во 2003 година, не била подготвена за огромното влијание од јавноста.

Во тоа време 22 годишната актерка која била буквално прогонувана од папараци 24 часа, била доведена до состојба на нервен слом.
– Во тоа време вредноста на папарацо фотографиите беше што поголема ако начекаа некоја млада ѕвезда во што полоша и понегативна ситуација. Тогаш почнаа да се „тепаат“ за фотографии од Ејми Вајнхаус и Бритни Спирс и да ги фотографираат во најлошите изданија затоа што тоа им ја зголемуваше вредноста. Така што ако не сте имале веќе нервен слом, од нивното следење и однесување, сигурно беше дека ќе го добиете – се сеќава Кира и додава:
– Се сеќавам Скарлет Јохансон беше принудена да се тргне од автопатот додека возеше накај Лос Анџелес, од агресивен папарацо. А истото ми се случи и мене подоцна во Кентиш Таун. Тогаш се изнервирав и им реков дека ако не се тргнат ќе убијам еден од нив, а тие само се насмејаа и рекоа дека тоа само ќе им ја зголеми вредноста на нивните фотографии. Само посакав што побрзо да побегнам од таму .
По две годни пауза Најтли се врати пред камерите, свесно избирајќи да не снима високо буџетни филмови, бидејќи знаела што носат тие – несаканото внимание од папараците.

 

Слични содржини