Киргистан и Таџикистан потпишаа протокол за прекин на граничните конфликти

од Stefanija Kuzmanovska
213 прегледи

Киргистан и Таџикистан потпишаа протокол за ставање крај на граничните конфликти во кои загинаа десетици луѓе, објавија во вторник киргистанските медиуми, пренесува „Анадолија“.

„Во согласност со претходните договори за прекин на огнот и деескалација, договорот потпишан доцна во понеделникот предвидува целосен прекин на непријателствата, повлекување на војниците и воената опрема на нивните постојани места, заедничка инспекција на граничните пунктови и командни пунктови и детална истрага за вооружениот конфликт“, објави новинската агенција „АКИпрес“.

Протоколот го потпишаа претседателот на Комитетот за национална безбедност на Киргистан, Камчибек Ташиев, и неговиот таџикистански колега, Саимумин Јатимов.

На 14 септември избувнаа судири на спорниот дел од границата во регионот Баткен во Киргистан, а подоцна беше договорен и прекин на огнот.

Двете земји меѓусебно се обвинија за прекршување на примирјето, а во регионот беше прогласена вонредна состојба.

Слични содржини