Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска најави дека лидерите на земјите од Г7 ќе разговараат за генеративниот систем за вештачка интелигенција ChatGPT на состанокот во мај во Хирошима.
За време на состанокот со раководителите на јапонските регионални весници, Кишида рече дека „неопходно е да се создадат меѓународни правила“ за употреба на системи за вештачка интелигенција (ВИ), пренесе агенцијата Kyodo.
Членовите на Европскиот парламент оваа недела ги поканија светските лидери да организираат самит за контрола на развојот на системи за вештачка интелигенција, објави Ројтерс.