Доколку Русија и НАТО не ги разгледаат сериозните дипломатски опции за решавање на украинската криза, можно е враќање на студената војна, предупреди поранешниот американски секретар Хенри Кисинџер во интервју за Би-Би-Си.
Тој посочи дека на почетокот на украинската криза флексибилна дипломатија можеше да ја спречи катастрофата и да биде заштитен поголем дел од украинската територија.
– Во овој момент клучнп е НАТО и Русија сериозно да ги разгледаат дипломатските опции или многу веројатно е дека не чека враќање на студената војна, истакна Кисинџер.
Тој посочи дека Северноатлантската алијанса морад а развие кохерентна стратегија за одбрана и заштита на своите членки.
– НАТО мора да развива воени капацитети кои можат да одговорат на опасноста со која се соочуваат, наведе Кисинџеr/MIA
