Во своето онлајн вклучување во анализа, главната уредничка на Гласот на Америка, Лилица Китановски, ги потенцираше денешните активности на Бајден и промената на тимот во „Белата куќа“.
„Фигуративно кажано, вчера за Бајден беше крај на долг пат со свиоци, но пред него е нова ера на уште потежок пат. Тој призна дека има предизвици пред него, исто така погледна и пошироко споменувајќи ја климатската криза. Не само со примерот со нашата сила, туку со силата на нашиот пример, беше реченицата на Бајден која денес го одбележа денот. Фаучи денес ќе зборува пред СЗО во име на Америка, а исто така се врати повторно во Парискиот договор. Крај за забраната за муслиманските патници, беше дел од денешните активности на Бајден, како и прекин на изградбата на ѕидот со Мексико. Илегалците нема да бидат исклучени од пописот. Долгот на студентите ќе биде одложен до септември, но исто така и луѓе кои не можат да плаќаат кирии, се бара до март да бидат ослободени и да не бидат истерани од своите домови“, истакна Китановски.