191
Во своето гостување во 24 анализа, главната уредничка на Гласот на Америка, Лилица Китановски, потенцираше дека Бајден со своето искуство може да се очекува да помогне на Балканот, но дека С.Македонија и Западен Балкан како целина нема да бидат фокусот на администрацијата на новиот американски претседател.
„Западен Балкан нема да биде во фокусот на администрацијата на Бајден. Но, може во рамки на сојузништвото, Џо Бајден да посегне по Европа. Во администрацијата на Обама, политиката на Западен Балкан и беше оставена на Европа. Но, оптимистички став е дека Бајден со своето искуство може да помогне“, потенцираше Китановски.