Ќе останат ли без работа 700 образовни асистенти за деца со попреченост?

од Илинка Илиоска
96 прегледи

Поранешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска реагира дека учебната година од утре ќе почне без образовни асистенти за децата со попречености.

Образовни асистенти за децата со попреченост на првиот училишен ден ќе нема. Ова е дно! На сите над 800 досегашни асистенти договорите им се прекинати. Ќе имало огласи за нови! Која нечувствителност од Весна Јанева, напиша Тренчевска на Фејсбук.

Таа додава дека децата со попреченост се навикнати на своите досегашни асистенти. Секоја промена кај нив предизвикува емоционална реакција.

Овој проблем беше исто така истакнат и на денешниот собир на наставниците пред МОН.

„Околу 700 деца со попреченост учебната година ќе ја започнат без асистенти или со невработени без плата и здравствено. Сите се во неизвесност и не знаат што ги очекува.

Ја прашуваме министерката Јаневска дали воопшто ја разбира потребата од асистенти и што значи тоа всушност за оние ученици кои реално имаат потреба од нивна асистенција?

Го разбира ли министерката фактот дека децата со попреченост се приврзуваат со одредени личности и воопшто не е ниту професионално, ниту хумано да се менуваат луѓето кои веќе навлегле во суштината на работењето, само затоа што не се партиски послушници?

Како министерке ќе ги погледнете во очи сите оние асистенти на кои им кажавте дека повеќе нема да работат и да се пријават во АВРМ како невработени?

Дали мислите дека на овој начин ќе можете преку репресија да регрутирате нови членови во вашата партија, уценувајќи ги со работно место?

Министерке, учениците се поважни. Бараме итно да ја повлечете одлуката и асистентите да бидат вратени на работа“, изјави на собирот наставничката Весна Бакевска.

Слични содржини