Ќе произведе ли мигрантската криза заедничка европска армија како вовед кон федерација ?

од desk3
98 прегледи

Унгарија побара да биде составена европска армија, која ќе ги брани границите на Грција од бегалците кон Европа. Министерот за надворешни работи на земјата Петер Сијарто изјави дека испраќањето на војниците на квотен принцип е услов на неговата земја да продолжи да работи со ЕУ за решавање на кризата.

0000276905-article2

“Тоа не е бегалска криза, туку масовна миграција бран со непознат потенцијал”, изјави Сијарто на прес-конференција со еврокомесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос.

Европската комисија коментира дека таква можност постои. Граничната агенција на ЕУ Фронтекс може да испрати екипи за брза реакција, но тоа може да се случи само по барање на земја која не може да се справи со приливот.
Унгарскиот министер ги отфрли критиките против неговата земја за бодликавата жица долж границата и за употребата на солзавец против оние кои сакаат да ја преминат и ги нарече неодговорни.

“Таквите агресивни луѓе нема да дозволиме да влезат на наша територија, пак дури и само да ја преминат транзит”, рече Сијарто. Тој додаде дека имигрантите фрлале камења и парчиња бетон во полицијата.

Министерот за надворешни работи постави уште еден услов на Еврокомисијата – да се финансираат бегалските кампови во Турција, Либан и Јордан и ако е потребно да се изградат нови, за да се задржат луѓето на место.

Сличен апел упати денеска и Европскиот парламент, кој испрати писмо до претседателството на ЕУ со барање Европа да го исполни ветувањето дадено на донаторската конференција за Сирија минатата година, кога беше декларирана волја за доделување на 4 милијарди евра за бегалската криза. Досега од нив се собрани само 41 милиониа, а европскиот буџет дал едвај 5 милиони евра.

“Ситуацијата во Сирија и во соседните земји се влошува со секој изминат ден и повеќе луѓе го преземаат опасното патување кон Европа. 5 година по почетокот на војната крај не и се гледа”, пишува во писмото до европските лидери.

Во апелот на Европскиот парламент уште се наведува дека половина од сириското население живее во крајна сиромаштија, а 4 милиони преживуваат во кампови во Јордан, Либан и Турција. Јордан и Либан немаат повеќе средства да ги поддржуваат. Затоа ЕУ мора веднаш да ги исполни ветувањата за финансиска помош. “Ако не го направиме тоа, ќе имаме уште повеќе проблеми”, се предупредува во текстот.

Пораката доби поддршка од главните парламентарни групи – ЕПП, социјалистите, либералите, зелените и крајната левица.
ЕП го поддржа предлогот за раселување на 120 илјади мигранти
Европратениците го поддржаа и преразпределувањето на уште 120 000 бегалци од Грција, Италија и Унгарија во останатите еврочленки. 370 пратеници гласаа “за”, 134 “против” и 52 воздржани. Конзервативците, евроскептиците и крајната десница го објаснија негативното гласање со фактот дека оние кои имаат пари да патуваат до Европа, не се најсиромашните, а оние кои имаат потреба од помош, се во логорите крај Сирија.

Првиот заменик-шеф на Еврокомисијата Франс Тимерманс повторно се обрати кон парламентот откако зборуваше пред пратениците вчера попладне. “Ние не сакаме да ги отвориме границите, но тоа е криза, која ќе продолжи во наредните години. Тоа е предизвик за нас како Европејци политички, хуманитарно и морално. Во мир ли сме со своите души”, рече Тимерманс, бурно поздравен од голема дел од пратениците.

Словенија стана третата Шенген држава која ги врати граничните проверки по внатрешна граница, откако претходно тоа го направија Германија и Австрија. Во следните 10 дена ќе се проверуваат документите на оние кои влегуваат во земјата откај Унгарија.

Еврокомисијата изјави дека нема да коментира испраќањето на 1.000 војници на бугарско-турската граница, бидејќи тоа си бил бугарски прашање.

Во меѓувреме Белгија престана да ги разгледува молбите за азил од Ирачани од Багдад. Според службата за бегалци приказните со кои тие се мотивираат за заминувањето на неговата земја, си личат толку што не може да се вистински. 45 Ирачани се враќаат доброволно дома утре, други 30 – следната недела.

Во исто време Данска, која според договорот за членство не учествува во разместување на бегалците, соопшти дека ќе прифати доброволно 1.000 луѓе и ќе даде 100 милиони евра за бегалските кампови крај Сирија.