Променливо облачно и студено со сончеви периоди. Локално повремено ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на планините ќе достигнува брзина до 80км/ч. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5 степени.
Во Скопје:
Променливо облачно и студено со повремено провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, на моменти засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 2 степена.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:
70 Маврови Анови, 44 Лазарополе, 39 Крушево, 15 Битола, 6 Пожаране, 4 Тополчани, 2 Прилеп и Претор, 1 Берово.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во л/м2):
4 Битола, 3 Маврово, 2 Претор, 1 Крушево и Тополчани.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:
-16 Маврово, -14 Крушево, -11 Битола, -10 Кр.Паланка, -9 Берово и Претор,, -8, Охрид Дебар и Прилеп, -6 Скопје-Петровец, Куманово, Тетово и Виница, -5 Штип и Струмица, -4 Скопје-З.Рид, Кавадарци, Дојран и Д. Капија, -2 Гевгелија.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА:
Променливо облачно и студено со умерен северен ветер. Во Маврово и Пожаране провејува снег.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Утре ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен, а само на места повремено засилен северен ветер. Локално ќе има услови за провејување на слаб снег Утринските температури во наредните два дена ќе се задржат ниски и на повеќе места ќе се спуштат под -5, а на планините околу -15 степени
Потоа до недела времето ќе биде стабилно и суво со постепен пораст како на утринската, така и на дневната температура на воздухот.
