Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Макс Еберле потврди дека за крилниот напаѓач Брајан Сарагоса ќе биде баран за нов тим и ќе биде позајмен. 22-годишниот Шпанец итно пристигна кај Баварците за време на зимскиот преоден рок поради многуте повреди во тимот, но не успеа да се наметне во тимот.
Еберле изјави за Скај Германија: „Кога ќе ги погледнеме нашите крила, Брајан веројатно ќе има повеќе потешкотии да добие многу време за игра. Сметаме дека е добро што покажува посветеност и вели: „Сакам да се развивам и да станам важен играч во Баерн“, но тоа ќе биде тешко овде ако не си во составот во тимот“. Затоа се обидуваме да ја најдеме вистинската опција за изнајмување“.
Според последните информации интерес за Сарагоса веднаш пројавиле неколку екипи, а најбрзо реагирала Валенсија која побарала да го земе крилниот напаѓач.
Исто така, на прашањето дали клубот е под притисок по секоја цена да продаде некои од своите играчи, Еберле беше краток: „Тука секогаш зборуваме за луѓе и сите страни мора да бидат задоволни“.