Ќе се ограничат маржите на 10 отсто во трговијата на мало и големо на основните прехранбени производи

од Milan1
34 прегледи

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 процентно ограничување на маржата за трговија на мало и големо на основните прехранбени производи, односно на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници. Истата листа треба да биде дополнета со средствата за хигиена како детергентите и плус да се дополни со бебешката храна, како и со други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, информира портпаролот на Влада, Марија Митева.

-Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување, што се очекува да биде за многу брзо од денес, и да трае заклучно со 30.04.2025-та година. Владата им препорачува на сите маркети да започнат процедура за транспарентно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа. Целта на оваа препорака е да придонесеме поголема транспарентност од каде граѓаните сами ќе можат да одлучат во кој од маркетите ќе пазарат. Да ја видат разликата во цените, а цениме и дека ваквиот пристап кој има карактер на препорака, а не на ограничување, ќе придонесе кон усогласување на самите цени на производите, рече Митева.

Слични содржини