Ќе успеат ли реставраторите да ја спасат посмртната маска на Тутанкамон?

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Германски реставратори со денови со дрвени стапчиња ја отстрануваат смолата од местото каде што Египќаните ја залепиле отпаднатата брада од еден од најпознатите експонати во музејот во Каиро – древната посмртна маска на Тутанкамон.

film-king-tut-doc-20130703

Неодамна момент на невнимание кај вработените во музејот во Каиро резултираше со незамислива случка – оштетување на еден од симболите на богатата египетска историја. Додека ја кревале 10 килограми тешката посмртна маска за да ја вратат во витрината по промената на светилката, елегантната долга брада удри во страната од витрината и отпадна.

Во Музејот ја залепиле, но почнала да се ниша и на помош биле повикани германски експерти.

Спојувањето би требало да се доврши до почетокот на 2016 година, но експертите уште размислуваат дали тоа ќе го направат со магнет, посебно лепило, или со механички спој.

Во меѓувреме, незгодата пружи единствена можност да се проучи составот и структурата на посмртната маска. Анализата можеби ќе помогне во расветлувањето на мистеријата дали таа изворно била направена за женско лице, а не за Тутанкамон.

Никој не знае ниту со што е исполнета брадата и германските експерти ќе бидат првите што ќе можат на ѕирнат во нејзината внатрешност.

„Морам да признам дека тоа е исклучителен момент во мојата кариера кога ја видов на масата пред мене“, вели реставраторот Кристијан Екман од Мајнц.

Маската беше откриена во 1922 година во Долината на кралевите во Луксор.