620
Улогата на Маргот Роби во филмот „Барби“ го привлече вниманието на светската јавност, а освен слава, филмот ѝ донесе и многу пари.
Како што пишува Variety, Маргот Роби од оваа улога би можела да заработи околу 50 милиони долари, во плата, бонуси, но и од заработката во кината.
Режисерката и косценарист на популарниот филм Грета Гервиг ќе добие и бонуси поради неверојатниот успех на филмот „Барби“.
„Барби“ заработи неверојатни 526,3 милиони долари на американскиот бокс офис од неговото прикажување пред еден месец, како и 657,6 милиони долари на меѓународниот бокс офис.
Оваа заработка не е конечна, со оглед на тоа дека „Барби“ ќе продолжи да се емитува, а и понатаму е на врвот на сите топ листи.