Ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли му го зададе најголемиот удар на својот татко: Јавно понижување за познатиот актер

од Nikola Popovski
357 прегледи

Шајло Џоли-Пит има план да се ослободи од презимето на нејзиниот татко, пренесуваат странските медиуми, а со тоа само тргнала по стапките на своите сестри.

18-годишната девојка објавила известување во „Лос Анџелес Тајмс“ информирајќи дека започнала петиција да се откаже од презимето Пит. Инаку, известувањето во весникот е стандарден чекор пред судот да одобри законска промена на името.

Она што го бара Шајло е да се вика Шајло Новел Џоли наместо Шајло Роман Џоли Пит.

Како што пренесува „Page Six“, Шајло го поднела барањето на нејзиниот 18-ти роденден во мај, испраќајќи порака дека не сака ништо да има со нејзиниот славен татко и дека очигледно ја фаворизира мајка си во битката меѓу Анџелина и Бред.

Како што се наведува, Шајло сама ангажирала и платила адвокатка, па оттаму Анџелина нема никаква врска со тоа.

Слични содржини