Ќерката на Брус Вилис покажа нови фотографии со актерот: „Благодарна сум…“

од Nikola Popovski
103 прегледи

Талула Вилис на својот Инстаграм профил ги сподели со јавноста најновите, трогателни сцени со нејзиниот татко Брус Вилис.

„Многу го сака овој човек и чувствата во ова време се тешка работа, но јас сум толку благодарна што ги оставив да минуваат низ мене наместо да ги избегнувам!“, порача Талула.

На првата фотографија се гледа како Брус ја бакнува ќерка си на задниот дел од главата додека нежно ја држи за рамениците, а таа го држи за раце со затворени очи. Додала и фотографија од двајцата како се насмевнуваат над чинија супа, а исто така го покажала нејзиниот татко и како се смешка додека гледа низ книгата со неговите фотографии. Многумина беа трогнати од нејзината објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah willis (@buuski)

Керќата на Брус неодамна изјави дека актерот „се чувствува исто, што е добро во неговата ситуација“.

„Нашите посети имаат толку многу љубов и мислам дека тоа надминува сè“, додала таа. „Знам колку ме сака и знам колку нè сака сите нас“, рекла тогаш Талула.

Иако состојбата на Брус му падна тешко н ацелото семејство, Талула верува дека тоа „создаде можност за повеќе љубов меѓу нив“.

Да потсетиме дека во март 30-годишната Талула откри дека ѝ е дијагностициран аутизам. Актерот ги доби неа, Румер и Скаут во бракот со актерката Деми Мур, со која се ожени во 1987 година. Брус ја круниса својата нова љубов со вториот брак во 2009 година, венчајќи се со Ема Хеминг, со која сега има две ќерки – Мејбел Реј и Евелин Пен.

Слични содржини