Ќерката на Брус Вилис проговори за здравствената состојба на нејзиниот татко, кој долго време се бори со ретка болест

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Ќерката на актерот Брус Вилис сподели вест за здравствената битка на нејзиниот татко со ретка и агресивна форма на деменција, а сега неговата ќерка Румер ја откри здравствената состојба на актерот.

Румер Вилис одговараше на прашања на социјалните мрежи, каде следбениците ја прашуваа за состојбата на нејзиниот татко.

Таа објави фотографија на која го држи татко и за рака и напиша: „Тој е одлично. Го сакам многу. Ви благодарам многу“, напишала кратко таа.

Семејството на актерот минатата година објави дека актерот се повлекува од актерството откако му била дијагностицирана афазија, состојба која ја попречува способноста да зборува и пишува.

Неговата здравствена состојба многу брзо се влошила и боледува од фронтотемпорална деменција од пролетта 2022 година. Споменатата болест е резултат на наследни или спонтани нарушувања кои предизвикуваат влошување на фронталниот, а понекогаш и темпоралниот лобус на мозокот.

„Откако објавивме дека на Брус му беше дијагностицирана афазија во пролетта 2022 година, неговата болест напредуваше и сега добивме поконкретна дијагноза: фронтотемпорална деменција (позната како FTD). За жал, проблемите во комуникацијата се само еден симптом на болеста што Брус се справува иако е многу болно, олеснување е што конечно имаме јасна дијагноза“, споделија од семејството.

Инаку, Брус за прв пат се ожени со актерката Деми Мур во 1987 година, а по 13 години брак се разделија, но и понатаму се во одлична врска. Заедно ги имаат ќерките Румер, Скаут и Талула.

Својата нова љубов ја круниса со вториот брак во 2009 година, кога се ожени со Ема Хеминг, со која денес има две ќерки – Мејбел Реј и Евелин Пен.

Слични содржини