Ќерката на Хајди Клум, која тргна по стапките на својата мајка, ужива со момчето на плажа (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
473 прегледи

Лени Клум, ќерката на познатата Хајди Клум, одморот го поминува на југот на Франција.

Лени Клум ужива во летните денови со своето момче и пријателите, а огромно внимание привлече атрактивниот изглед на ќерката на популарна манекенка.

Младата Лени, која има 19 години, времето го помина на плажа во бикини кое ја истакнува нејзината витка линија.

Лени Клум по примерот на нејзината мајка влезе во светот на модата каде веќе почна да постигнува успеси.

Хајди Клум ја доби ќерката Лени во бракот со Флави, но парот се разведе пред нејзиното раѓање, а популарната манекенка влезе во нова врска со музичарот Сил. Во времето кога се родила Лени, Хајди уживала во љубовта со Сил, со кој подоцна доби три деца, а се разделија во 2012 година.

Слични содржини