Ќерката на Роберт Де Ниро, Ирен открива за своето патување како трансродова жена: „Се чувствувам поврзана со себе“

од Марта Пешевска
70 прегледи

Ирен Де Ниро, 29-годишната ќерка на познатиот актер Роберт Де Ниро и поранешната манекенка Туки Смит, во интервју за „Them Magazine“, откри како одлучила да го започне процесот на хормонска терапија во ноември 2024 година. Таа истакна дека, иако се чувствува многу поврзана со себе по почетокот на транзицијата, има и моменти на загриженост за тоа како ова ќе влијае на нејзините односи со најблиските.

„Се чувствувам како да се поврзувам со себе на едно поинакво ниво. Но, има и страв. Стравувам како мојата транзиција може да влијае на моето семејство. Дел од мене се плаши дека можеби сè уште ме гледаат како личноста која бев пред да започнам со овој процес“, изјави Ирен.

Ирен сподели дека инспирацијата за оваа транзиција дошла од црните жени и нивната борба за самоприфаќање и гордост. „Мислам дека влегувањето во овој нов идентитет, заедно со прифаќањето на сопствената црнина, ми создаде чувство на блискост со нив“, додаде таа.

Ирена исто така ги сподели своите размислувања за своето патување низ транс идентитетот, истакнувајќи го значајот на видливоста на транс жените во медиумите. Спомена и примери како Лаверн Кокс, Мишел Џ. Родригез и Жулс Леброн, кои, како што вели таа, ѝ дале поттик и инспирација. „Транс жените кои се искрени и отворени, посебно на социјалните медиуми, и нивниот успех, си помислив: „Можеби не е предоцна за мене“, објасни Ирен.

Ирен Де Ниро има брат близнак, Џулијан, а таа и нејзиниот брат растеле далеку од медиумите, благодарение на желбата на нивните родители, Роберт Де Ниро и Туки Смит, да ги заштитат од јавноста. Покрај близнаците, Де Ниро има уште пет деца од различни партнерки: Дрена (57) и Рафаел (48) од бракот со поранешната сопруга Дина Абот, Елиот (27) и Хелена (12) со поранешната сопруга Грејс Хајтауер, како и најмладата ќерка, Џија (2), со партнерката Тифани Чен.

Слични содржини