Иако серијата постигна голем успех, а Сара Џесика Паркер освои бројни награди, нејзините ќерки се уште ги немаат гледано епизодите од култната серија „Сексот и градот“. Паркер ова го откри во едно неодамнешно интервју, а таа призна дека нема проблем со тој факт.
Кога стана Кери на 33-годишна возраст, Сара Џесика Паркер сигурно не ни претпоставуваше дека оваа улога ќе биде одлучувачката во нејзината кариера и по која публиката вечно ќе ја памети. Култната серија „Сексот и градот“ во деведесетите ги урна табуата и зборуваше за теми на телевизија кои се уште „скокоткаат“ во некои делови од светот. На снимањето на серијата таа ги запозна и блиските пријателки Синтија Никсон и Кристин Дејвис, а времето на сетот го промени текот на кариерите на овие ѕвезди.
Иако речиси сите милениумци имаат гледано барем една епизода од култната серија, се чини дека серијата од деведесеттите не е толку популарна меѓу генерацијата Z. Дури и ќерките на Сара Џесика Паркер, близначките Марион и Табита, не покажаа интерес.
Во едно интервју, познатата актерка откри дека нејзините 13-годишни ќерки се уште не ја гледале серијата.
„Не, Марион и Табита не ја гледаа серијата. На 22 јуни ќе наполнат 14 години. Досега, можеби е уникатно со оглед на компликацијата да бидам нивен родител, но досега тоа не било нешто што е влезено во нивниот радар за гледање, а можеби и никогаш нема. Го разбирам тоа“, призна ѕвездата на серијата која денеска ќе ја гледаме во новите епизоди на серијата „And just like that…“.
Таа објасни дека девојките се свесни дека оваа серија постои и дека светот некогаш бил опседнат со таа серија, но таа не игра голема улога во нивните животи.
За нејзината улога како Кери Бредшо во култната серија, Паркер освои многу признанија во текот на шестгодишниот серијал на серијата, вклучително и две Primetime Emmy награди, три Screen Actors Guild Awards и четири награди „Златен глобус“.